27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-бугарски бизнис средби

Македонско-бугарски бизнис средби

g_makedonija-i-bugarija

Стопанственици од Македонија и Бугарија денеска во Скопје ќе разговараат за интензивирање на трговијата и индустриската размена.

Стопанствениците од Бугарија кои престојуваат во посета на Македонија во организација на Македонско-Бугарската стопанска комора, се предводени од претседателот на Трговската комора на Бугарија Рачо Цветков и потпретседателот на Асоцијацијата на индустриски капитал на Бугарија, Стефан Василев.
Бизнисмените ќе разговараат за организирање на бизнис средби во Софија и Скопје. Овие контакти на Македонско-Бугарската Стопанска Комора се дел од иницијативата на оваа асоцијација за октомвриски денови на бизнисмените од двете земји.

На нив се очекува презентација на конкретни интереси за вмрежување на корпорациските планови за пораст на вкупната размена меѓу двете економии и вземни инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП