6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДванаесетти ден гужва во Париз поради штрајкот

Дванаесетти ден гужва во Париз поради штрајкот

Жителите на Париз денес влегоа во дванаесеттиот ден од големите гужви во сообраќајот поради штрајкот на вработените во јавниот превоз поради предложената реформа на пензискиот систем.

Штрајкот започна да ги загрозува плановите на илјадници луѓе за патувања за време на претстојните празници.

И денес се измерени околу 630 километри колони на автомобили во градот и околината, што е двојно повеќе од вообичаеното.

Повеќето од линиите на метрото повторно се затворени, а патниците се транспортирани со помал број на возови, пренесе AFP.

Низ Франција работи само еден од трите брзи возови TGV и еден од четирите на регионалните рути. Во повеќето помали градови на улиците нема гужва како онаа во Париз.

Синдикатите за утре планираат нови масовни демонстрации и инсистираат на тоа дека владата мора да се откаже од планираната реформа, за која велат дека ќе ги принуди милиони луѓе да работат подолго до пензија.

Според AFP, на протестот се очекува да се вклучат наставници, вработени во болници и други службеници во јавните служби, како и адвокати, кои се против идејата за воведување на еден пензиски систем наместо досегашните 42.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП