4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците уште дома чуваат 12,46 милијарди марки

Германците уште дома чуваат 12,46 милијарди марки

Осумнаесет години по воведувањето на еврото, граѓаните на Германија уште ја чуваат старата германска валута – марки, во вредност од 12,46 милијарди марки (6,37 милијарди евра), објави Централната банка на Германија во неделата.

„Од 12,46 милијарди марки кои граѓаните сè уште не ги размениле во евра, 5,83 милијарди се банкноти, а 6,63 милијарди монети“, објави Deutsche Bundesbank.

Притоа од банкнотите, најмногу се во оптек оние со најголема вредност, во апоени од 100, 500 и 1000 германски марки. Во годината, граѓаните сè уште разменуваат германски марки во вредност од 35 до 45 милиони евра.

Но, најголема количина германски марки е повлечена од промет веднаш по воведувањето на еврото na почетокот на 2002 година.

За разлика од другите земји кои воведоа евро, во Германија нема временско ограничување до кое старата валута мора да се претвори во евра.

Девизниот курс е сè уште непроменет: едно евро вреди 1.95583 германски марки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП