6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската влада ќе спречи интеграција на Instagram, Messenger и WhatsApp?

Американската влада ќе спречи интеграција на Instagram, Messenger и WhatsApp?

Американската влада можеби ќе се обиде да го спречи Facebook да ги интегрира своите различни платформи – Instagram, Messenger и WhatsApp – потег кој стана суштинска цел на компанијата бидејќи се соочува со зголемена регулаторна контрола, покажуваат три извори на Reuters кои знаат за материјата за која не се овластени да зборуваат јавно.

Facebook беше предмет на антимонополска истрага од Федералната комисија за трговија (FTC), главно регулаторно тело на федералната влада, која ја разгледуваше доминацијата на компанијата во социјалните мрежи и рекламирањето преку интернет. Аквизациите на Facebook исто така беа дел од таа истрага.

FTC би можел да побара прелиминарната забрана за да го спречи Facebook да ги интегрира своите различни делови. Забраната би можела да нанесе сериозен удар на Facebook и неговите напори за комбинирање на услугите, кои започнаа на почетокот од оваа година.

Веста за разгледување на FTC прв ја објави The Wall Street Journal.

Забраната е еден од неколкуте чекори кои FTC ги разгледува бидејќи обидувајки се да ја намали моќта на Facebook и да ја реши загриженоста поради тоа што зголемувањето на компанијата може да ја намали конкуренцијата меѓу социјалните мрежи.

Спроведувањето на забраната би бил извонреден чекор за FTC, кој вообичаено не се обидува да ги поништи спојувањата кои веќе се случија.

Facebook го купи Instagram во 2012 година, а Whatsapp во 2014 година. Петчлената комисија би требало да гласа за забраната, а потоа да поднесе тужба до федералниот суд. FTC исто така би требало да докаже дека Facebook го крши законот за заштита на пазарот.

Критичарите на Facebook овој чекор го сметаат за преовладувачки потег за Вашингтон како би можел да ја разбие компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП