15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските елити сакаат "безготовинско општество"

Светските елити сакаат “безготовинско општество”

Светските елити сакаат да воспостават целосна контрола врз финансиските текови со создавање „безготовинско општество“, пишува германски Contra Magazin.

Поради оваа причина, банките и платните системи прават се од себе како би ги обесхрабриле луѓето да користат хартиени пари. Во иднина ќе биде доволно едно притискање на копче за да му се одземат на човекот средствата за живот, предупредува авторот на статијата, Марко Мајер.

Весникот пишува дека светските елити мразат пари во готово. И не е случајно што неодамна Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде „препораки“ до централните банки и владите да ги обесхрабрат луѓето да користат хартиени пари.

Како една од методите се предлага замена на банкнотите со високи апоени, пишува авторот. А светот веќе се движи во таа насока, во Европа и други развиени земји.

ММФ, исто така советува воведување на горна граница за готовински сметки. Покрај тоа, се наплатува провизија за повлекување хартиени пари од банкомати, како и за нивно ставање на сметка.

Исто така, се разгледува можноста за девалвирање на готовината во однос на дигиталната валута, ако купувачот доплаќа дополнително за стоката ако користи хартиени банкноти. Со текот на времето, разликата во вредноста само ќе расте.

На крајот, ќе се создаде „безготовинско општество“, во кое финансиските компании ќе добијат целосна контрола над парите на луѓето, предупредува весникот.  Ќе биде доволен еден “клик” за човек да остане без средства за живот. Ова е особено опасно за членовите на опозицијата и борците против системот, бидејќи веќе блокираат банкарски сметки и сметките во платните системи, предупредува Мајер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП