25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвете светски сили постигнаа трговски договор

Двете светски сили постигнаа трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина.

Според неа, Вашингтон ќе се откаже од воведување тарифи на увоз за кинеските производи планирани за недела, додека Пекинг ќе го зголеми купувањето на американски земјоделски производи.

„Постигнавме многу детален договор во првата фаза со Кина. Тие се согласија на многу структурни промени и огромни набавки на земјоделски производи, енергија и индустриски производи и многу друго“, напиша Трамп на Твитер, пренусува Reuters.

“… Казните за тарифите утврдени за 15 декември нема да се наплатат поради фактот што склучивме договор. Веднаш ќе ги започнеме преговорите од втората фаза, наместо да чекаме до изборите во 2020 година. Ова е прекрасен договор за сите. Ви благодарам“, твитна Трамп.

Кабинетот на американскиот трговскиот претставник (USTR), во меѓувреме, објави дека САД се согласиле „суштински“ да ги модифицираат своите тарифи на кинеската стока во рамките на првата фаза од трговскиот договор со Пекинг, а дека Кина ќе купи значително повеќе американски стоки и услуги.

Според договорот, Вашингтон ќе задржи 25 процентни тарифи на околу 250 милијарди долари американски увоз од Кина, додека тарифите воведени на кинески производи во вредност од 120 милијарди долари ќе бидат намалени на 7,5 проценти, се вели во соопштението на USTR.

Во соопштението се додава дека трговскиот договор повикува на структурни реформи на кинескиот економски и трговски режим во областите на интелектуална сопственост, трансфер на технологија, земјоделство, финансиски услуги, девизни курсеви. Договорот, исто така, вклучува „силен систем за решавање спорови“, соопшти USTR.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП