18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар.

Студијата на аналитичката куќа EnApSys открила дека Франција во периодот од 1 јануари до 30 ноември остварила вкупен нето извоз на електична енергија од 39,4 терават часови, при што најмногу испорачала до Италија 13,3 и Германија 11 терават часови.

Високото ниво на нето извоз се препишува на големите количини на енергија од нуклеарните централи и ниските маргинални трошоци поврзани со овој вид на енергија, што го прави привлечен за целиот европски пазар.

Италија беше најголем увозник на електрична енергија, со увоз од 36,6  терават часови, а најмногу од Швајцарија.

Италија се очекува да го зголеми увозот благодарение на интерконекцискиот кабел со Црна Гора кој неодамна е пуштен во употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП