20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон...

Со мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон три руски компании

Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството.

Од американскиот список на санкции се отстранети компаниите „Центар за автомобилски услуги“ од Курганскиот регион и „Вертикал“ и „Јуником“ од Југра.

Компаниите беа додадени на списокот на санкции на 5 декември.

Тогаш Министерството за финансии на САД на списокот со санкции додаде 17 државјани на Русија и седум компании кои според министерството се поврзани со сајбер криминал.

Вашингтон тврди дека тие се поврзани со Русинот Денис Гусев, кој е член на хакерската група Evil Corp.

Според Министерството за финансии на САД, Гусев е генерален директор на тие организации и им помагал на хакерите во водењето на финансиските операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП