26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Силна Европа значи и силно евро"

“Силна Европа значи и силно евро”

Лидерите на ЕУ 27 самитот во Брисел повикаа на јакнење на Европската економска и монетарна унија и посилна улога на еврото во светот.

„Силна Европа значи и силно евро“, истакна претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

На вториот ден на самитот на ЕУ, лидерите разговараа и за продолжување на работата на Европската унија за банкарство и Унијата на пазарот на капитал.

Оценета е потреба во согласност со улогата на ЕУ како најголем глобален пазар и инвеститор да се зајакне меѓународната улога на заедничката европска валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП