18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на сопственикот на Zara е 1,17 милијарди евра

Добивката на сопственикот на Zara е 1,17 милијарди евра

Шпанскиот производител на облека Inditex, сопственик на модниот ланец Zara, ги презентираше резултатите од растот на профитот во третиот фискален квартал, благодарение на контролата на трошоците и управувањето со залихите.

Во тримесечниот период нето добивката на шпанската компанија се зголемила за 14 проценти, на 1,17 милијарди евра.

Приходите изнесувале седум милијарди евра, пренесува Reuters.

Управата ја истакнува строгата контрола на деловните трошоци при проширување и подобрување на продавниците како Zara во трговски центар во Обединетите Арапски Емирати.

Објаснуваат дека во изминатиот период ја зголемиле продажбата и ги намалиле залихите, благодарение на деловниот модел кој се темели на строга контрола на производите по целиот ланец на снабдување. Предноста им е брзата реакција на трендовите, која ја овозможува краткиот период помеѓу дизајнирањето на облеката и нејзиното производство.

Многу малопродажни ланци специјализирани за облека тешко се прилагодуваат на промените во начинот на купување. Inditex има можност во краток рок да испорача помала количина на облека, прилагодена на трендовите, благодарение на брзите и флексибилни договори со добавувачите.

Менаџментот денес објави дека во тековната деловна година очекува зголемување на продажбата до шест проценти во продавниците отворени подолго од една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП