28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

Европските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

На европските берзи утрово цените нагло се зголемија, по вестите за трговскиот договор меѓу САД и Кина и убедливата победа на Конзервативната партија на парламентарните избори во Велика Британија.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции околу 9:30 часот беше во плус 1,5 проценти.

Лондонскиот индекс FTSE се зголеми за 0,95 проценти, на 7.342 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 1,10 проценти, на 13.367 поени и парискиот CAC за 1,15 проценти, на 5,951 поени.

Највисокo утрово пораснаа цените на акциите во банкарскиот сектор, 3,3 проценти.

Силниот раст на пазарот е благодарение на веста дека САД и Кина постигнаа делумен трговски договор, со кој би се завршила царинската војна, која трае веќе 17 месеци и која го забави растот на двете најголеми светски економии.

И на азиските берзи утрово цените на акциите се зголемија, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус 1,5 проценти околу 9:30 часот и го достигна највисокото ниво од март.

На берзата во Токио, индексот Nikkei скокна 2,4 проценти, на 23.994 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП