5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWTO: Во 2019 година воведени над 100 нови трговски бариери

WTO: Во 2019 година воведени над 100 нови трговски бариери

Земјите ширум светот до средината на октомври оваа година воведоа повеќе од 100 нови трговски ограничувања на стоки и услуги во вредност од околу 747 милијарди долари, што е највисоко ниво во 12 месеци од 2012 година, соопшти Светската трговска организација (WTO).

Новите мерки, вклучително тарифи, квантитативни ограничувања, затегнати царински постапки, даноци на увоз и извоз, се зголемија за 27 проценти во однос на истиот период минатата година, зголемувајќи ја неизвесноста во меѓународната трговија и глобалната економија, покажува извештајот на WTO.

Историски високите нивоа на трговски рестриктивни мерки го отежнуваат растот, отворањето нови работни места и ја загрозуваат куповната моќ ширум светот, наведе генералниот директор на WTO, Роберто Азеведо во годишниот извештај, истакнувајќи дека земјите членки на организацијата имаат спроведено 102 нови ограничувања.

Кина и САД се во трговска војна веќе 17 месеци, а официјални претставници од Пекинг и Вашингтон соопштија во четвртокот дека двете најголеми економии во светот се во блиска комуникација деновиве, пред да стапат во сила новите американски казнени тарифи за кинеските производи на 15 декември.

WTO на 1 октомври ја намали прогнозата на раст на светската трговија за оваа година на 1,2 проценти, во однос на априлската проекција од 2,6 проценти.

Се проценува дека увозните ограничувања воведени во изминатите 10 години, кои сè уште се на сила, кумулативно влијаат врз глобалната трговија во вредност од 1.700 милијарди долари, што претставува 7,5 проценти од светскиот увоз, објави WTO.

Секторите кои се најтешко погодени од новите увозни ограничувања се: минерални и согорувачки масла, машини и механички уреди, електрични машини и скапоцени метали.

Членовите на WTO оваа година до средината на октомври исто така воведоа 120 нови мерки насочени кон олеснување на трговијата, кои се применливи за стоки и услуги во вредност од 545 милијарди долари, што е второ највисоко ниво од 2012 година, соопшти оваа организација со седиште во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП