26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард најави ревизија на стратегијата на монетарна политика

Лагард најави ревизија на стратегијата на монетарна политика

Ревизија на стратегијата на монетарната политика, решавање на проблемите со климатските промени и социјалната нееднаквост: новата претседателка на Европската централна банка (ECB), Кристин Лагард има многу планови.

„Ќе го превртиме секој камен“, изјави Французинката, која е на таа функција од почетокот на ноември, прозивајќи се на стратешкиот поглед во Франкфурт.

Управниот совет ја остави клучната каматна стапка во еврозоната непроменета на рекордно ниски нула проценти. Првично, не се очекуваше фундаментална промена на курсот од Лагард.

Според поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), ревизијата би требало да започне во јануари, а би требало да биде завршена пред крајот на следната година. ECB, исто така ќе стапи во контакт со застапници, академици и претставници на граѓанското општество. „Ќе слушаме“, вети Лагард, потенцирајќи: „Јас имам свој стил“.

По 16 години од истата стратегија, соодветно е да се преиспита секој инструмент. Аспектите како што се нееднаквоста и предизвиците кои ги претставуваат климатските промени исто така би требало да бидат земени во предвид.

Во исто време, Лагард потврди дека смета дека многу лабавата монетарна политика е неопходна во блиска иднина. Меѓутоа, сака подетално да ги погледне можните негативни последици и несаканите ефекти на патеката на ECB. Загриженоста на луѓето мораме да ја земеме во предвид, изјави Лагард, пред да стапи на должност. Таа исто така сака подобро да ја објасни одлуката на централната банка во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП