19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкапоцениот метал стана поскап отколку што некогаш било златото

Скапоцениот метал стана поскап отколку што некогаш било златото

Цената на паладиумот се зголеми 15-ти ден по ред. Сега овој метал е поскап отколку што некогаш било златото.

Цената на паладиумот достигна рекорд од 1.940,34 долари за унца, што значи дека годинешниот раст достигна 54 проценти. Цените се зголемија затоа што во Јужна Африка, втор по големина светски производител на паладиум, рудниците беа затворени 24 часа поради прекин на електричната енергија. Затоа резервите на паладиум се намалени.

Постојат добри шанси цената на паладиумот да порасне на 2.020 долари за унца, според експертот за скапоцени метали Џонатан Батлер.

„Загриженоста поради прекинот на електрична енергија во Јужна Африка влијаеше на паладиумот оваа недела. Сепак, побарувачката е сè уште огромна“, изјави Батлер.

Платината, исто така, поскапе, и тоа за 0,6 проценти до 8:17 утрово по њујоршко време, објави Bloomberg.

„Се чини дека ништо не може да го забави растот на цената на паладиумот“, изјави аналитичарот на Commerzbank, Даниел Бризман, додавајќи дека иако цените изгледаат премногу високи, нема крај на зголемувањето на цената на овој скапоцен метал. Цената на златото не се смени многу, бидејќи инвеститорите ги слушаа сигналите на Федералните резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП