29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Плата 3.000 евра, само вратете се": Нова мерка за Грците кои побегнаа...

“Плата 3.000 евра, само вратете се”: Нова мерка за Грците кои побегнаа во странство

Грците започнаа пилот проект, кој ќе се обиде да ги спречи и да ги поништи ефектите од „одливот на мозоци“, пренесува Times.

Според податоците на грчката Централна банка, 420.000 високообразовани, млади Грци ги напуштиле своите домови во последните десет години, поради тешката финансиска криза и побарале работа во други делови на светот.

Затоа, како дел од новата програма грчките власти сакаат да убедат најмалку 500 високо квалификувани Грци помеѓу 28 и 40 години, кои во моментов работат во странство, да се вратат во татковина, а им нудат добри позиции и минимална месечна плата од 3.000 евра ( просечната плата во Грција минатата година беше околу 1.100 евра). Бидејќи Грција доживува голем дефицит на квалификувана работна сила, особено во ИТ секторот, фокусот ќе биде на оние кои имаат дипломи од овие области.

Во првата година на вработување, на повратникот две третини од платата ќе му ги покрива државата, кофинансирани од ЕУ фондовите, а останатата третина работодавачот. Компаниите кои сакаат да учествуваат во програмата, ќе имаат обврска да го задржат работникот на работа, по првата субвенционирана година, барем уште една година со иста плата, која ќе биде целосно покриена.

Грчките власти очекуваат голем број локални фирми во наредните недели и месеци да изразат интерес за вработување на талентирани економски иселеници.

„Нема шанси грчките компании, кои сакаат да го прошират својот потенцијал, да не сакаат да ги задржат овие таленти трајно откако ќе ги вработат“, изјави грчкиот министер за труд Јанис Вруцис.

Меѓутоа, според грчките медиуми, новата мерка се очекува да предизвика голем бунт меѓу оние кои останале во Грција за време на финансиската криза, а во моментов се на истите позиции кои работат за месечни плати помали од илјада евра. Некои медиуми веќе ја прогласија мерката за дискриминација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП