26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГана откри огромно нафтено поле во Атлантикот

Гана откри огромно нафтено поле во Атлантикот

Компанијата Springfield од Гана, откри нафтено поле во Атлантскиот океан крај брегот на таа западноафриканска држава, чиј капацитет се проценува на 1,5 милијарди барели и 0,7 милијарди кубни метри гас, пренесува Reuters.

Ова откритие е значајно за оваа земја која во моментов произведува околу 200.000 барели нафта на ден, од кои околу половината ги произведува британската компанија Тullow на Jubilee Field.

Компанија Springfield, во стопроцентна сопственост на државата наведе дека неискористениот потенцијал на блокот се проценува на над три милијарди барели нафта и гас.

„Ова е одлична вест за Springfield, Гана и Африка“, изјави главниот извршен директор Кевин Окјере, додавајќи дека ова откритие е во согласност со визијата на компанијата да стане водечки афрички играч во производство на „црното злато“.

Владата на Гана е незадоволна од бавното темпо на развој на бушењето на брегот и работи на ревизија на законот за давање дозволи во обид да го зајакне производството.

Заменик министерот за нафта минатиот месец изјави дека Гана очекувала помеѓу 2013 и 2016 година да бидат избушени 14 бунари и да инвестираат 890 милиони долари, но ниту еден бунар не е избушен, а компаниите потрошиле само 95 милиони долари, пренесува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП