19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу подароци во плико: Австријците ќе потрошат по 434 евра за божиќни...

Најмногу подароци во плико: Австријците ќе потрошат по 434 евра за божиќни подароци

Австријците оваа година ќе потрошат во просек 34 евра повеќе од 2018 година за купување божиќни подароци, според истражувањето на институтот GfK2.

Според тоа истражување, Австријците во просек ќе потрошат 434 евра за подароци.

Најмногу пари ќе потрошат луѓето над 50 години, и тоа 570 евра. Меѓу провинциите, Бургенланд е на врвот на листата според планираната сума од 500 евра, додека Форларберг е на крајот со 400 евра.

Секој втор Австриец на своите најблиски ќе поклони ваучери или пари. На второ место на листата на подароци се играчките (38 проценти), потоа книгите (30 проценти). Секој четврти ќе поклони облека или козметика, а 13 проценти накит, 11 проценти спортска опрема, и само шест проценти мобилен телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП