29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏеф Безос е "бизнисмен на деценијата"

Џеф Безос е “бизнисмен на деценијата”

Џеф Безос, основачот на Amazon, веројатно e најдобриот бизнисмен во светот во последната деценија, сметаат анкетираните раководители на надзорните одбори на најсилните компании.

Речиси една третина од претседателите на надзорните одбори сметаат дека Безос треба да ја земе титулата најдобар, додека второ и трето место го завземаат лидерот на Alibaba, Џек Ма и директорот на Tesla, Елон Маск.

Безос го основа Amazon во средината на деведесетите години од минатиот век, а денес е најголема светска онлајн локација за купопродажба. Исто така, оваа голема компанија собира приходи од своите облак услуги и развојот на вештачката интелигенција.

Amazon, во 2015 година го изненади американскиот Walmart со тоа што стана најголем продавач во САД. Amazon во 2018 година забележа промет од 233 милијарди долари, а самиот Безос на својата сметка има вртоглави 108 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП