26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште една "крипто измама" вредна 722 милиони долари

Уште една “крипто измама” вредна 722 милиони долари

Tројца Американци се уапсени поради измама на инвеститори од 722 милиони долари, соопшти јавниот обвинител на Њу Џерси.

„Во обвинението се опишува сложената употреба на “криптовалутата” за измама на инвеститори кои не се посомневале, и изгубиле стотици милиони долари“, изјави обвинителот Крег Карпенито.

Во бегство се уште двајца обвинети, чиј идентитет не е откриен. Тројцата уапсени, од кои двајца се од Колорадо и еден од Калифорнија, се верува дека помеѓу април 2014 и февруари 2019 година ветиле огромна добивка во замена за инвестирање во „виртуелната валута“ биткоин.

Тие со години се богателе трошејќи пари од неискусните инвеститори, кои ги вовлекле во атрактивна, но нејасна структура, наречена „BitClub Network“.

Според изјавата, тројцата уапсени ги опишале своите жртви како „ретардирани“ и „овци“, тврдејќи дека тие изградиле „модел што е по мерка за идиоти“.

Во февруари 2015 година, еден од обвинетите советувал еден соучесник да објави дека го зголемуваат ионака веќе надваниот профит од вложување на дури 60 проценти на ден, по што тој прифатил.

Спротивно на тоа, друг обвинет во септември 2017 година, наводно, предложил на соучесник драстично да го намали профитот на инвеститорите за да се повлечат како богати.

Тројцата се осомничени и дека продавале акции на „BitClub Network“, иако не биле регистрирани кај американските власти.

Тоа не ги спречило обвинетите да емитуваат видео снимки, во кои зборуваат за „транспарентноста“ на својата компанија и уверуваат дека е „премногу голема за да пропадне“.

Двајцата обвинети се соочуваат со казна до 20 години затвор и до 250.000 долари поради компјутерски измами, а на сите и казна затвор до пет години и парична казна до 250.000 долари, поради продажба на нерегистрирани хартии од вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП