7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDongfeng и Renault ја подготвуваат заедничката инвестиција вредна 1,8 милијарди долари

Dongfeng и Renault ја подготвуваат заедничката инвестиција вредна 1,8 милијарди долари

re1111

Амбициозниот кинески производител на автомобили „Dongfeng Motor“ и францускиот „Renault“ овој месец би можеле да го потпишат договорот за заедничката инвестиција вредна 11 милијарди јуани (1,8 милијарди долари) по десетгодишното преговарање, објавија денес кинеските медиуми.

Проектот ќе биде врз основа на реструктуирање на постоечкото заедничко инвестирање на „Renault“ и кинеската „Sanjiang Space“, а кинеските службеници го одобрија во мај, јавуваат кинеските медиуми.

„Dongfeng“ е вториот по големина најголем производител на автомобили за кој медиумите досега известуваа дека преговара за купување на удел во „Peugeot Citroen“.

„Sanjiang Space“ е основан во 1993 за производството на минибуси, кое беше запрено во 2003 година, кога „Dongfeng“ започна да преговара со „Renault“ за заедничките инвестиции.

„Dongfeng“ во јуни купи 55 процентен удел во проектот на „Sanjiang Space“ и „Renault“, а седиштето на новата заедничка инвестиција ќе биде во градот Вухан, наведуваат медиумите.

Се очекува дека компанијата ќе произведува главно спортски и повеќенаменски возила, а производството би требало да започне во 2014 година. Во првата етапа ќе има годишен производствен капацитет од 150.000 возила, пренесуваат кинеските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП