11 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу се летало во Британија: Над милијарда луѓе во воздушниот сообраќај

Најмногу се летало во Британија: Над милијарда луѓе во воздушниот сообраќај

Минатата година 1,1 милијарди патници патувале со авион во Европа, што е за шест проценти повеќе од 2017 година.

Скоро половина, односно 46 проценти од патничкиот воздушен сообраќај во 2018 година се однесува на патувања внатре во Европската Унија, а 37 проценти на патувања надвор од ЕУ, според податоците на европската статистика.

Најголем број на патници во воздухопловниот сообраќај во ЕУ е забележан во Велика Британија во 2018 година, и тоа 272 милиони.

Следи Германија со 222 милиони патници и Шпанија со 221 милиони.

Листата ја комплетира Франција со 162 милиони и Италија, со 153 милиони забележани патници.

Повеќето патувања се забележани на најголемите аеродроми, и тоа во Лондон, на аеродромот Heathrow, со 80 милиони патници.

Што се однесува на другите аеродроми, тука се Charles de Gaulle во Париз со 72 милиони патници и Schiphol во Амстердам, чии услуги одлучиле да користат 71 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП