20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Односите помеѓу Русија и ЕУ не можат да се наречат нормални"

“Односите помеѓу Русија и ЕУ не можат да се наречат нормални”

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, верува дека може да се појави „нов почеток“ во односите помеѓу Москва и Брисел во наредните години.

„За време на новиот институционален циклус на ЕУ, кој започна буквално пред десетина дена, можеме да бидеме сведоци на „нов почеток“ во нашите односи, кој, земајќи го предвид нашето досегашно искуство, ќе биде позрел, помудар и со взаемно почитување“, се вели во изјавата на дипломатот.

Според Чижов, односите помеѓу Русија и ЕУ во овој момент со сигурност не можат да се наречат нормални. Најмногу им пречат санкциите кои ЕУ ги воведе на Русија во март 2014 година и оттогаш постојано продолжуваат.

„Без оглед на се, ЕУ учествува со скоро половина од трговијата на нашата земја, европскиот бизнис продолжува да инвестира во нејзината економија, Русите поставуваат рекорди за добивање шенген визи, продолжуваат бројни заеднички проекти во културата, образованието и науката, постојано се развива граничната соработка“, истакна Чижов.

Според постојаниот претставник, Брисел постепено сфаќа дека „на Русија и Европа не им е лесно да живеат и да се развиваат една без друга. Ако тоа воопшто е можно“. Тој ја нарече кратковидна политиката на „полузамрзнати односи“ помеѓу Москва и Брисел, во позадина на „сè поактивниот дијалог“ меѓу Русија и голем број европски земји.

„Не треба да се биде во заблуда: без Русија не можа да се реши ниту еден меѓународен проблем, додека нашите задачи на меѓународната сцена се многу блиски“, изјави Чижов.

Од 1 декември, стапи на должност новиот состав на раководството на Европската комисија – колегиум на европски комесари. Неговиот мандат ќе трае пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП