2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Чешка само 2,2 проценти невработени

Во Чешка само 2,2 проценти невработени

Стапката на невработеност во Чешка во октомври 2019 година изнесувала 2,2 проценти .

Според Чешката агенција за статистика (CZSO), стапката на невработеност во земјата е 2,2 проценти, што претставува раст од 0,1% во однос на истиот период лани.

Стапката на невработеност кај мажите изнесува 1,8 проценти, а кај жените 2,7 отсто.

Податоците на Чешката агенција за статистика, исто така покажаа дека во октомври 2019 година стапката на вработеност е 75,3 проценти, што претставува зголемување од 0,2 во однос на истиот период во 2018 година.

Стапката на невработеност во Чешка во вториот квартал од 2019 година изнесувала рекордни 1,9 проценти, што тогаш беше една од најниските стапки на невработеност во Европа.

Според Чешката агенција за статистика, просечната нето плата во моментов е 29.549 круни, или 1.160 евра. Просечната плата кај мажите изнесувала 31.909 круни или 1,249 евра, додека кај жените била 26.887 круни или 1.052 евра.

Околу 80 проценти од чешките вработени во моментов добиваат плати во опсег од 15.680 круни, или 613 евра, до 52.531 круни или 2.056 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП