5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеско "не" за компјутерите од запад

Кинеско “не” за компјутерите од запад

Како одговор на трговската војна и блокадата на компанијата Huawei, кинеските власти донесоа нов закон со кој се забранува употребата на „компјутери од западните компании“ во јавната администрација, војската и училиштата.

Иако не е јасно на кого се однесува оваа забрана, најверојатно се работи за компјутери на компаниите HP, Dell, Samsung и други. Исто така, со новиот закон се фаворизира „домашниот хардвер и софтверските компании“.

Сепак, многу експерти за технологија веруваат дека оваа регулатива ќе биде тешко да се примени во пракса – освен исфрлање на Windows како главен оперативен систем.

Дури и кинеските компании, како Lenovo, во своите компјутери користат американски процесори од Intel или AMD, матични плочи и меморија од Тајван и хард дискови од Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП