Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Се отвораат уште 3 нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

Време: 21:48

Датум: декември 10, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа Меморандум за продолжување на соработката

Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за здравство ќе отворат уште три нови Роса школи за родителство до крајот на годинава. На прес-конференцијата која се одржа денес во просторијата на Роса школата во Поликлиниката „Јане Сандански“, Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа и Меморандум за соработка со која најавија и продолжување на проектот и во 2020г. со отворање на повеќе Роса школи за родителство и во други градови во Македонија.

Со годинешното отворање на Роса школите во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“  и во општите болници во Охрид и во Куманово, на идните родители од овие градови ќе им биде на располагање стручен тим за поддршка и помош во текот на бременоста и првите родителски години. Со отворањето на трите нови школи, во употреба ќе бидат вкупно шест Роса школи, а до крајот на 2020 во здравствените домови во повеќе градови низ земјата на располагање ќе бидат вкупно девет Роса школи.

На денешниот настан свое обраќање имаа Премиерот, министерот за здравство и генералниот директор на Пивара Скопје, кои го изразија своето задоволство за продолжување на проектот, но и ја истакнаа важноста од ваков тип на неформални обуки за сите идни родители.

„Чест ми е што имам прилика да го најавам продолжувањето на проектот ‘Роса школи за родителство’, со кој верувам дека Пивара Скопје како општествено-одговорна компанија, навистина успева да направи чекор повеќе и да отвори сосема нова можност за сите идни родители. Минатата година рековме дека нашата заложба е ‘Роса’ школите да продолжат да живеат и во наредните години, па така денес со гордост можам да кажам дека ми е исклучително драго што овој проект навистина преминува во долгорочен и на крајот на 2020 на располагање ќе имаме вкупно девет Роса школи за родители. Голема благодарност до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство што повторно ја увидоа нашата искрена мисија за вложување во добросостојбата на сите граѓани“, изјави Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.

Генералниот директор Тимотин уште еднаш ја потврди заложбата на Пивара Скопје за развој на економијата и најави капитални инвестиции и во други области во текот на 2020 г., со вкупна вредност од 10 милиони евра.

Сите простории во здравствените домови наменети за „Роса“ школите, инаку се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola од средства собрани преку претходно спроведената шестмесечна кампања во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л. Во овој партнерски проект, Министерството за здравство ги одредува здравствените домови каде најмногу има потреба од ваков тип на школи за идни родители и го обезбедува стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките. Овој тим е составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.

„Сакам да изразам голема благодарност затоа што означуваме продолжение на еден навистина успешен проект, којшто даде на некој начин една нова димензија во означувањето и поддршката на мајчинството преку организирање на овие родителски школи. Веќе се отворени три ‘Роса’ школи, во Скопје, Битола и Гостивар, а денеска го означуваме и почетокот на новите школи во Струмица, Куманово и Охрид. Во овие школи за родителство со помош на искусен стручен тим, идните родители учат како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат со новите улоги како идни мајки и татковци“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

„Пивара Скопје е компанија која негува сериозна општествена одговорност, а иницијативата за овој проект ‘Роса школи за родителство’ потекнува токму од нив. Ја поздравувам аспирацијата покрај школите за родителство во Скопје, Гостивар и Битола, да бидат отворени и во Струмица, Охрид и Куманово. Го поздравувам Mеморандумот со кој продолжува соработката меѓу Министерството за здравство и Пивара Скопје за отворање на уште три нови школи за родителство и во 2020, но ја поддржувам и капиталната инвестиција, вредна 10 милиони евра, што ја најави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин. Ние сме земја која е фокусирана на економијата и знам колку е важна оваа инвестиција со која технолошки се развива Пивара Скопје. Со таа инвестиција се развива и нашата држава и Пивара Скопје може да смета и понатаму на нашата поддршка, затоа што ние сме тука да им служиме на граѓаните, но и на компаниите“, рече премиерот на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини кои опфаќаат родителство, здрави стилови при бременоста, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчето, а трудниците и сите  заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во здравствените домови.

Проектот „Роса школи за родителство“ започна во 2018 година, кога свои „Роса“ школи добија Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Општата болница во Гостивар и Клиничката болница во Битола, а од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса најавуваат продолжување и во наредните години во нови градови низ целата територија на државата.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Леброн не дозволи пресврт и ги испрати Лејкерси во финалето на НБА

    Леброн не дозволи пресврт и ги испрати Лејкерси во финалето на НБА

    Леброн Џејмс гарантираше дека овој пат Денвер нема да направи сензационален пресврт и ги испрати Л.А. Лејкерс во финалето на НБА. „Кралот“ заврши со 38…

  • Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе…

  • Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од…

  • Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во…

  • МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините…

  • Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително…

  • Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе…

  • Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните луѓе покажуваат соодветно ниво на…

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…