Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Трошоците за храна во ЕУ учествуваат со 12 проценти од буџетот на домаќинствата

Време: 16:17

Датум: декември 10, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Трошоците за храна на домаќинствата во земјите на Европската Унија учествуваат со просечно 12,1 проценти од нивните вкупни расходи, според податоците на Eurostat.

Резултатите од истражувањето, објавени на официјалната интернет страница на Eurostat, покажуваат дека домаќинствата на ЕУ потрошиле 1.047 милијарди евра за храна и безалкохолни пијалоци во 2018 година, што претставува 6,6 проценти од бруто домашниот производ на 28-члениот блок.

Трошоците за храна се третата најголема ставка во вкупната потрошувачка на домаќинствата во ЕУ, по расходите за стан, вода, електрична енергија, гас и други горива, кои учествуваат со 24 проценти од буџетот на домаќинствата и транспортот со учество од 13,2 проценти.

Во 2018 година, храна и безалкохолни пијалоци најскапо плаќале домаќинствата во Романија, кои трошеле дури 27,8 проценти од буџетот на домаќинствата, а најевтино поминале британските домаќинства, каде што три трошоци учествувале со само 7,8 проценти од вкупните расходи за домаќинствата.

Кога станува збор за земјите од поранешна СФРЈ, храната и безалкохолните пијалоци биле голема ставка минатата година во вкупните расходи за домаќинства во Црна Гора со удел од 24,8 проценти, во Србија со 24 проценти, во Хрватска учествувале со 18,8 проценти, а во Словенија 14 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата.

Во студијата не се дадени податоци за нашата држава и за Босна и Херцеговина.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

    Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе…

  • Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од…

  • Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во…

  • МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините…

  • Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително…

  • Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе…

  • Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните луѓе покажуваат соодветно ниво на…

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…