27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина се договори со кредиторите

Атина се договори со кредиторите

grcija3

Меѓународните кредитори завршија со проценката на напредокот на Грција во спроведувањето на реформите, со што се отвори патот за праќање на наредната транша помош во висина од 8,1 милијарди евра.

Портпаролот на Европската комисија, Сајмон Конор, објави дека „тројката“ меѓународни кредитори завршила со мисијата за проверка на напредокот на Грција во спроведувањето на реформите, и дека сега на Еврогрупата и останува да одлучи за доделувањето на наредната транша помош за Грција, пренесува агенцијата Франс Прес.

Од Европската комисија, исто така, соопштија дека Грција веќе наредната година би можела да започне да бележи економски раст.

Министрите за финансии од 17 земји од еврозоната денес ќе се состанат во Брисел, со цел да ја донесат одлуката за тоа дали Грција направила доволно за добивање на наредната транша помош.

„Мисијата на меѓународните кредитори постигна договор со грчките власти во врска со економските и финансиските мерки, кои се неопходни за да се осигура дека програмата останува на вистинскиот пат за да се постигнат целите“, се наведува во соопштението на ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП