25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВртоглав раст на цените: Свинското месо во Кина е 110 проценти поскапо

Вртоглав раст на цените: Свинското месо во Кина е 110 проценти поскапо

Цените на свинско месо во Кина скокнаа за 110 проценти во ноември во однос на истиот месец во 2018 година.

Ова ја турка инфлацијата во земјата на највисоко ниво во последните осум години, според Националното биро за статистика.

Во октомври цените на свинското месо во Кина пораснаа за 101 процент во однос на претходната година, пренесува CNBC.

Според статистичките податоци, потрошувачката инфлација во Кина изнесува 4,5 проценти во ноември на годишно ниво.

Цените на производството паднаа за 1,4 проценти во истиот месец, во однос на ноември претходната година.

Африканската свинска треска нанесе штета на свинскиот фонд на Кина од минатата година и го наруши снабдувањето со овој основен вид на месо во кинеската исхрана.

Кина е најголем светски потрошувач на свинско месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП