29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Напредуваат преговорите за трговскиот договор

Трамп: Напредуваат преговорите за трговскиот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добро напредуваат преговорите за трговскиот договор со САД, Мексико и Канада.

Трамп тврди дека и синдикатите се задоволни.

Според Reuters, овој коментар значи дека администрацијата на Трамп, американските демократски законодавци и Мексико пристапуваат кон договорот за изменување на постојниот договор, за да може да биде усвоен во Конгресот.

Во исто време, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор го повика претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот во САД, Ненси Пелоси од Демократската партија да го ратификува северноамериканскиот трговскиот договор, иако мексиканските деловни кругови проценуваат дека предложените измени се слаб договор.

Тој вчера изјави дека мексиканските сенатори ги прифатиле забелешките на американските демократи кои се однесуваат на прашањата за работните односи и заштитата на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП