Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,096.21 0.01%    GRNT 1,234.43 0.05%    KMB 7,400.11 -0.02%    MPT 78,121.84 -0.92%    OHB 5,200.00 0%    RZTK 690.00 -1.43%    STB 1,210.00 -0.02%    STBP 657.00 0.15%    TEL 321.00 -1.03%    TNB 17,800.00 -0.14%    TTK 1,656.29 -2.57%    USJE 24,215.00 0%    

Свети Климент Охридски Чудотворец

Време: 13:00

Датум: декември 8, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност.

Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè.

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник.

Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.“ Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.“

Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел. Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо.

Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот му го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот. А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци.

Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа. А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример.

Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде. Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот. Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а и со децата – и на сите им посочувал што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа. И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за заемната љубов и почит.

Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градот Скопје почна да ги применува измените за прeвоз со еколошки такси возила

    Градот Скопје почна да ги применува измените за прeвоз со еколошки такси возила

    Градот Скопје почна да ги применува измените на законот за превоз со еколошки такси возила. Од Градот велат дека со измената и дополна на Законот…

  • Отстранети 224 непрописно паркирани возила од јавните површини

    Отстранети 224 непрописно паркирани возила од јавните површини

    Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 224 возила од јавните површини, информира Град Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и…

  • Во Охрид вторпат се одржува обука за сомелиери

    Во Охрид вторпат се одржува обука за сомелиери

    Во организација на Македонската асоцијација на сомелиери – МАСОМ викендов во Охрид се одржува втората од предвидените неколку професионални сомелиерски обуки. Обуката почнува денеска со…

  • Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

    Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

    Традиционално по шестнаесетти пат денеска ќе биде организирана крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден, соопшти Црвениот крст на…

  • Од утре повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег

    Од утре повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег

    Времето во западните делови во земјава денеска ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за…

  • Царовска: Имаме зголемување на платите кај повеќе од 106 илјади работници за декември

    Царовска: Имаме зголемување на платите кај повеќе од 106 илјади работници за декември

    За декемвриската плата имаме зголемување кај повеќе од 106 илјади работници во нашата држава, со што е остварен таргетот помеѓу 20 и 25 проценти од…

  • Директорот на JPMorgan Chase заработи 31,5 милиони долари во 2019 година

    Директорот на JPMorgan Chase заработи 31,5 милиони долари во 2019 година

    Главниот извршен директор на американската инвестициска банка JPMorgan Chase, Џејми Димон, добил покачување од половина милион долари за 2019 година, со што неговата вкупна заработка…

  • Јаглеродниот диоксид во атмосферата ќе достигне највисок раст од 1958 година

    Јаглеродниот диоксид во атмосферата ќе достигне највисок раст од 1958 година

    Количеството јаглероден диоксид во атмосферата оваа година ќе го означи еден од најголемите годишни порасти од почетокот на мерењето во 1958 година и поради австралиските…

  • Вработувања за најдобрите студенти на УКИМ во Агенцијата за национална безбедност

    Вработувања за најдобрите студенти на УКИМ во Агенцијата за национална безбедност

    Дел од најдобрите студенти од општетствените и техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе можат да најдат вработување во Агенцијата за национална безбедност. Тоа…

  • Ајфеловата кула целосно затворена поради штрајкот на синдикатите во Франција

    Ајфеловата кула целосно затворена поради штрајкот на синдикатите во Франција

    Нанесувајќи им силен удар на туристите, повеќето обележја во Париз се затворени поради масовните протести против законот за реформи во пензискиот систем. „Поради национален штрајк,…