26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФорд Фокус најпродаван автомобил во светот

Форд Фокус најпродаван автомобил во светот

ford13

Форд Фокус е најпродаван автомобил во светот во 2012 година. Податокот е врз основа на извештајот од автомобилската статистичка компанија „Полк“.

Компанијата Форд во 2012 година, на глобално ниво продала 737.856 автомобили од примерокот на Фокус.

Компанијата Форд ја прославува и продажбата на 2,2 милиони возила во САД во 2012 година, втора година по ред, во која успеа да продаде повеќе од два милиони возила. Форд Фиеста, исто така, е на пат да стане најдобро продаван модел од Б-сегментот во 2012 година, со продажба од 560.061 примероци до септември минатата година.

Успехот на Форд во САД и во азиските земји во развој е спротивен од успехот на европскиот пазар, односно, на европскиот пазар компанијата Форд мора да ја затвори својата фабрика во Саутемптон и фабриката во Генк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП