18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската централна банка лансира своја дигитална валута

Француската централна банка лансира своја дигитална валута

Централната банка на Франција планира да ја пилотира дигиталната валута CBDC за финансиските институции во 2020 година.

Франсоа де Галау, гувернер на централната банка, најави дека банката ќе започне со тестирање на дигиталното евро до крајот на првиот квартал на 2020 година.

Банката на Франција ја потврди веста на Твитер, истакнувајќи дека најавата е направена на конференција чии домаќини беа двајца главни француски регулатори за финансии, Францускиот орган за бонитетна супервизија и AMF.

Според извештајот, стартувањето на дигиталното евро ќе се насочи само кон учесниците во приватниот финансиски сектор и нема да вклучува исплати на мало направени од поединци. Галау, наводно, напоменал дека дигиталната валута за купците на мало „ќе биде подложна на посебна претпазливост“, пренесува Cointelegraph.

Според Les Echos, иницијативата има намера да ја зајакне ефикасноста на францускиот финансиски систем, истовремено обезбедувајќи доверба во валутата.

Покрај тоа, проектот има за цел да го потврди суверенитетот на Франција врз приватните иницијативи за дигитални валути, како што е Либрата на Фејсбук.

Ставот на Галау се согласува со претходните изјави на францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој тврди дека регулаторот не може да дозволи лансирање на Либра на европско тло заради загриженоста за монетарната сувереност.

Според некои извештаи, Франција ги водела напорите против Либрата, заедно со Германија, Италија, Шпанија и Холандија.

Според твитот објавен од Централната банка на Франција, нејзиниот гувернер истакна дека Франција треба да стане првата земја во светот што издала CBDC и да обезбеди модел на други јурисдикции. Тој изјави:

„Гледам интерес дека брзо напредуваме за издавање на најмалку една дигитална валута на централната банка со цел да станеме водечки глобален издавач и да стекнеме придобивки поврзани со обезбедување на модел на дигитална валута на централната банка.

Во меѓувреме, се чини дека Франција е во првите редови за прифаќање на крипто и блокчејн технологии, бидејќи нејзината влада започна и охрабри бројни индустриски проекти.

На крајот на ноември 2019 година, првиот заменик-гувернер на Централната банката на Франција повика за порамнувањето на платните системи и системите на порамнување во Европа да се заоснова на блокчејн технологија.

Франција, исто така се појави како главен усвојувач на најголемата криптовалута – биткоин (BTC).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП