
Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот, се вели во извештајот на ОН. Бројот на луѓе на раб на егзистенција е зголемен за 22 милиони од минатата година, поради насилни и долготрајни судири, климатските промени и економска нестабилност.

