27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија: Компаниите ќе треба да имаат најмалку 30 проценти жени во своите...

Холандија: Компаниите ќе треба да имаат најмалку 30 проценти жени во своите надзорни одбори

Холандскиот парламент донесе закон со кој се бара компаниите во Холандија да го зголемат бројот на жени во надзорните одбори.

Законот беше донесен со 87 гласови “за” и 63 “против”, пренесува Ројтерс.

Според овој закон, компаниите ќе треба да имаат најмалку 30 проценти жени во нивните надзорни одбори.

Како што се наведува, компаниите кои не ја исполнуваат оваа цел, ќе треба мажите кои го напуштаат Одборот, да го замени жена, или тоа место да го остават непополнето.

Покрај оваа мерка, 5.000 големи компании ќе треба да создадат детални планови за вработување за да го зголемат бројот на жени во извршните и надзорните одбори.

Ова го поддржаа многу партии, опозицијата и оние на власт. Сепак, Конзервативната партија на холандскиот премиер Марк Рут се спротивстави.

Сега помалку од 10 проценти од холандските компании имаат право на извршни и надзорни одбори. Само третина од нив имаат доволно жени во извршните одбори, како би можеле да ги исполнат поставените цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП