30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПензионер 24.000 пати се јавил во служба за корисници, полицијата го уапсила

Пензионер 24.000 пати се јавил во служба за корисници, полицијата го уапсила

Јапонската полиција уапсила пензионер во Токио откако се јавил 24.000 пати во службата за поддршка на корисници на најголемиот јапонски телефонски оператор, жалејќи се дека компанијата не го почитува склучениот договор.

Полицијата навела дека минатата недела го привеле 71-годишниот Акитоши Окамото, затоа што за осум дена направил стотина бесплатни повици до службата за корисници на операторот КДДИ.

Медиумите пренесуваат дека Акитоши направил не стотина туку илјадници повици од јавни говорници и изразувал незадоволство од работата на компанијата и притоа ги навредувал вработените.

„Барал од вработените да му се извинат затоа што компанијата не го почитувала договорот. Исто така, често пати веднаш ги прекинувал повиците откако ќе се јавел оператор“, рекол портпаролот на полицијата.

Тој е уапсен под сомнение дека со лажни изјави ја попречувал работата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП