25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГутереш: Светот има избор - да се бори или да се предаде

Гутереш: Светот има избор – да се бори или да се предаде

Во Мадрид почна Конференцијата на ООН за климатски промени, а генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, порача дека светот има избор – да се бори против климатските промени или да се предаде.

Гутереш ги повика државите да одлучат дали навистина сакаат да бидат запаметени како генерација што ја забила главата во песок, правајќи се дека ништо не се случува додека планетата гори.

Тој предупреди дека гасовите на стаклената градина достигнале рекордно ниво.

„Влијанието врз целиот живот на земјата, вклучително и нашиот, ќе биде катастрофално, освен ако не се стори нешто за тоа“, истакна Гутереш.

Претставници од речиси 200 земји се собраа на двонеделната конференција за климата „COP25“ во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП