Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,298.51 0.02%    FERS 74,000.00 1.36%    GRNT 1,034.77 0.65%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,279.63 -0.19%    MKSD 193.00 0.52%    MPT 76,500.00 0.08%    OKTA 4,700.00 2.17%    RZUS 75.00 -9.64%    SBT 2,590.73 3.49%    STB 1,180.00 0.09%    STIL 92.00 0.19%    TEL 310.00 0%    TNB 16,550.00 -0.18%    TTK 1,530.62 0.7%    UNI 2,390.00 1.27%    ZILU 150.00 8.7%    ZPKO 1,470.00 0%    

Преку МојДДВ #МојаНаграда 3.852 парични награди, од кои две премии по 50.000 евра

Време: 09:29

Датум: декември 2, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 декември, со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ. Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе трае една година, и за тој период ќе се доделат две премии од 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стига порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација. За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања.

Целта на МојДДВ #МојаНаграда, како што кажа министерката за финансии Нина Ангеловска вчера на прес-конференција е да биде засилување на мерката МојДДВ – која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. Таа посочи дека МојДДВ #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ.

Ангеловска рече дека при дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Таа посочи дека покрај сузбивањето на сивата економија, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Двете светски сили постигнаа трговски договор

    Двете светски сили постигнаа трговски договор

    Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина. Според неа, Вашингтон ќе се откаже…

  • Со мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон три руски компании

    Со мали чекори кон крајот на војната: САД ги укинаа санкциите кон три руски компании

    Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството. Од американскиот список…

  • Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

    Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

    Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар. Студијата на…

  • „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни…

  • Во Македонија месечно се градат станови колку во половина Европа годишно

    Во Македонија месечно се градат станови колку во половина Европа годишно

    Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот…

  • Вработените во јавниот сектор ќе чистат на 20 локации во Скопје

    Вработените во јавниот сектор ќе чистат на 20 локации во Скопје

    Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе…

  • Облачно со дожд, а на планините снег

    Облачно со дожд, а на планините снег

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови,…

  • Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

    Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

    Во свечена атмосфера, во присуство на бројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава беа доделени десетте признанија за…

  • До една милијарда евра годишно може да се слеат во земјава од ЕУ како поддршка за бизнисот

    До една милијарда евра годишно може да се слеат во земјава од ЕУ како поддршка за бизнисот

    Компаниите од Македонија малку ги искористуваат средствата што им се нудат од европските фондови, но доколку бидат поактивни и поинформирани, во земјава може да влегуваат…

  • Европските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

    Европските берзи силно пораснаа на крајот на неделава

    На европските берзи утрово цените нагло се зголемија, по вестите за трговскиот договор меѓу САД и Кина и убедливата победа на Конзервативната партија на парламентарните…