Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Во најновиот, 40-ти врој на реномираното литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли насловен „Враќање дома“. Пиесата се однесува на траумите на една современа галерија ликови, наши современици од две спротивставени генерации, кои ги живеат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острастените политизации, социјални трауми, политички фрустрации, и во еден дел – реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно оттуѓено меѓу-време.Во сценскит слики кои авторот на „Враќање дома“ ги гради, како во воз кој стои во место, додека, парадоксално, покрај него врви „железничкиот пејзаж“ на животот – на некој друг воз во забрзано движење.
„Балкански књижевни гласник“ е списание формирано пред петнаесет години, кое ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори и објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуи. Негов основач и главен уредник е писателот Душан Гојков. Списанието, покрај во електронска, се публикуваше и вопечатена форма. Сега се појавува како интернет публикација за литература, култура и уметност.
Пиесата „Враќање дома“ која сега се објавува во „Балкански књижевни гланик“, пред неколку месеци беше објавена во книгата со две „Нови драми“ на Т. Османли, во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје, која неодамна, проследена со врвните оценки на истакнатите писатели и критичари акад.Ферид Мухиќ, Ристо Лазаров и Глигор Стојковси, ја имаше својата промоција во Салонот 19,19.
Овој драмскиот текст се движи помеѓу носталгијата, чувството на горчина од новите времиња на лични и на социјални изневери. Иако е поставен среде скопски теми, мотиви, дијалект и носталгична чувственост, тој развива општи, дури универзали видувања. Драмскиот текст „Враќање дома“ ги носи значењата на разјадената љубов и солидарност, и на одвеаната нежност на разваленото традиционално семејсто; и воедно, критика во однос на заборавот на старото време и вредности, и на немоќта и индолетноста кон подобрувањата во новото време – и едното и другото, како наши актуелни одлики и одредници во драмата која ја живееме сега и тука, дома.
„Дома не е место. Дома е чувство. И сеќавање. Ако забораваш, немаш каде да се вратиш.“ – истакнува Томислав Османли во предговорот за неговиот драмскиот текст сега објавен и во белградскиот „Балкански књижевни гласник“.
Домашната кинематографија ќе ја испрати 2019 година како исклучително успешна година во која инспиративните македонски филмови го освоија светот, беше пораката од годинешниот настан „Во…
Мјузиклот „Ени Јуниор“, кој првпат беше изведен на сцената на Бродвеј во 1977 година, во преработка на македонски јазик, на 23 декември ќе биде одигран…
Уметноста може да се создаде било каде, било како и од било што, доколку оставите креативноста да ги направи првите чекори. Пакомак ве повикува да…
Иако температурите паднаа, Telekom Electronic Beats Weekender ќе ја подгрее атмосферата во градот. По успешниот летен TEB Picnic што се одржа во Градскиот парк, овојпат…
Песните на Мараја Кери беа синглови број еден на билбордот “Hot 100″, 14 пати во текот на 90-тите. Пејачи како неа, како Мадона со нејзината…
Режисерот Мартин Скорсезе ги замоли гледачите да не го гледаат неговиот нов филм „Ирецот“ на мобилни телефони. Три и полчасовниот крими еп на Скорсезе, во…
Македонската академија на науките и уметностите и Мирослав Масин го најавуваат отворањето на изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“. Изложбата на Мирослав Масин…
Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар. Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој…
Филмот Joker ги руши сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите со изјавата дека би било вредно да се сними и…
Веројатно не постои човек што барем еднаш не ја обвинил технологијата за создавање на едно френетично, плитко општество, кое сè позабрзано ита кон катаклизма. Но…