19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАларм во Москва: Профитот на енергетскиот гигант падна за 45 проценти

Аларм во Москва: Профитот на енергетскиот гигант падна за 45 проценти

Нето добивката на Gazprom падна за 45 проценти во третиот квартал, на 212 милијарди рубли (3,3 милијарди долари) во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата.

Падот се должи на намалениот обем на извоз на природен гас и неговите пониски цени, порачуваат од руската компанија, јавува турската новинска агенција Anadolu.

Бруто приходите од испорака на гас во Европа и други дестинации, без Русија и поранешните советски земји, изнесуваа 587 милијарди рубли, што е за 37 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Сепак, нето добивката на Gazprom во периодот јануари-септември 2019 година, на годишно ниво се зголеми за три проценти на трилион рубли. Во 2018 година, нето профитот на најголемиот светски производител на природен гас достигна 1,5 трилиони рубли (22,5 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП