26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната се зголеми, невработеноста падна

Инфлацијата во еврозоната се зголеми, невработеноста падна

Според новите податоци, невработеноста во еврозоната во октомври од 7,5 проценти е на најниско ниво од 2008 година.

Цените на мало пораснаа за 1,0 проценти во ноември на годишно ниво, во однос на 0,7 проценти претходниот месец, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Eurostat.

Тоа е повеќе од очекуваниот раст од 0,9 проценти, но и понатаму е под два проценти колку што е целта на ECB.

Невработеноста во еврозоната падна на најниско ниво од јули 2008 година, иако економскиот раст забави поради проблемите околу американско-кинеската трговска војна и неизвесноста околу заминувањето на Британија од ЕУ.

Според Eurostat, невработеноста во октомври паднала на 7,5 проценти од 7,6 проценти во септември. За време на тој месец, бројот на невработени се намалил за 31.000 на 12,33 милиони.

Невработеноста постојано паѓа во еврозоната во последните неколку години бидејќи областа се опорави од финансиската криза и стравувањата за иднината на Грција во зона која го користи еврото како валута.

Разликите помеѓу земјите продолжуваат. Невработеноста остана многу ниска во Германија, на 3,1 процент, но падна во последните години и во Шпанија и Грција, каде во еден момент беше над 25 проценти, а сега изнесува 14,2, односно 16,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП