29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмазон: Уништени 10.000 квадратни километри шума

Амазон: Уништени 10.000 квадратни километри шума

Прв пат од 2008 година, уништувањето на шумите во бразилскиот Амазон го премина прагот од 10.000 квадратни километри помеѓу август 2018 и јули 2019 година, што претставува зголемување од 43 проценти во однос на претходните 12 месеци, покажуваат официјалните податоци.

Уште поголемо зголемување, за 74,5 проценти е забележано уништување на шумите за една година, вели Државниот институт за вселенски истражувања.

Најголемата тропска шума во светот изгуби вкупно 10.100 квадратни километри за една година, а помеѓу август 2017 и јули 2018 година, дури 7.033 квадратни километри.

Осиромашената површина е најголема од 2008 година кога 12.227 квадратни милји амазонска шума беа изгубени за 12 месеци.

Претседателот на Бразил, Јаир Болсонаро, кој дојде на власт во 2019 година, изјави дека уништувањето на шумите и пожарите кои ги следат се поврзани со обичаите во одредени периоди од годината.

„Нема да можете да го запрете уништувањето ни пожарите, тоа е поврзано со културата“, изјави тој додека пожарите кои во август и септември уништија цели делови на Амазон ја запрепастија меѓународната заедница.

Колку повеќе се сече шума за да се направи место за одгледување добиток и за земјоделски култури, толку повеќе пожари има, предупредува Институтот за истражување на Амазон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП