8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ сигнализираше пониска прогноза за економскиот раст

ММФ сигнализираше пониска прогноза за економскиот раст

lagard2

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард назначи дека овој меѓународен кредитодавател во наредните денови благо ќе ја снижи прогнозата за раст на светската економија.

Во април ММФ и Светската банка констатираа дека економијата закрепнува со различно темпо во три групи на земји, таа се движи од 5,5 проценти во економиите во развој, преку два проценти во развиените држави како САД и Австралија, па се до стагнирачка економија на еврозоната.

„Затоа проценивме дека светската економија ќе расте по стапка од околу 3,3 проценти. Јас се плашам дека сепак кога ќе се земат во предвид актуелните трендови, особено во економиите во развој, дека  можеби сме нешто под тие бројки“, изјави Лагард на вчерашниот економски собир во Франција.

Овој месец Светската банка ја намали прогнозата за раст на кинеската економија на 7,7 проценти, од претходно проценетите 8,4 проценти, предупредувајќи и на можно остро забавување поради намалените инвестиции.

Поради ова прогнозата за раст на светската економија за оваа година е намалена на 2,2 проценти, од 2,4 проценти прогнозирани во јануари.

Лагард не сакаше да изнесува било какви бројки, напоменувајќи дека во наредните денови тие ќе бидат објавени од страна на главните економисти на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП