6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките на нордиските банки против перење пари под лупа на ММФ

Мерките на нордиските банки против перење пари под лупа на ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (MMF) ќе спроведе истрага за мерките на нордиските банки и регулаторите за спречување активности за перење пари во тој регион и во балтичките земји, по низа наводни пропусти, објави Централната банка на Шведска.

Нордиските банки се најдоа на удар на критики поради неуспехот во борбата против перењето пари во балтичкиот регион, што доведе до пад на акциите на шведските банки, Swedbank и SEB, како и Danske Bank.

„Веќе некое време се разговара за тоа да се повика некој однадвор да ги анализира начините на кој го решаваме или не успеваме да го решиме проблемот со перењето пари во нордиските и балтичките земји“, изјави Стефан Ингвес, гувернер на Централната банка на Шведска.

Активностите се под истрага, како што додава, веќе во напредна фаза, а MMF ќе започне со работа во првата половина на 2020 година.

„Целта е да се анализира системот како целина и да се утврди дали нашиот пристап во нордиските и балтичките региони кон овие проблеми е рационален, меѓу другото и од аспект на прекугранична соработка“, изјави Ингвес.

Властите ги истражуваат тврдењата дека сметките на Swedbank и SEB во балтичките земји можеби биле користени за перење пари.

Swedbank соопшти дека спроведува внатрешна истрага за сомнително перење пари.

Danske Bank е под истрага во неколку земји, вклучително и во САД, бидејќи преку нејзината мала подружница во Естонија се реализирани трансакции во вредност од 200 милијарди евра во периодот од 2007 до 2015 година.

Шведската телевизија (SVT) објави во средата дека сметките на SEB во Естонија можеби биле користени за перење пари во аферата Магнитски.

Извршниот директор на SEB негираше било каква поврзаност со перење пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП