27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБернар Арно е втор најбогат човек во светот

Бернар Арно е втор најбогат човек во светот

Францускиот магнат Бернард Арно, претседател и извршен директор на конгломератот LVMH за луксузни производи, го престигна на листата на Forbes извршниот директор на Microsoft, Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во светот.

Арно се наоѓа веднаш зад основачот на Amazon, Џеф Безос, кој според списокот на Forbes е најбогатиот човек на планетата.

Нето вредноста на богатствотото на Арно се зголеми за 2,7 проценти на вкупно 107,6 милијарди долари. Нето вредноста на Безос е 110,5 милијарди долари, додека вредноста на Гејтс изнесува 107 милијарди долари.

Арно, сепак заостанува зад Безос и Гејтс на Bloomberg индексот на милијардери, кој ја проценува неговата нето вредност на 103 милијарди долари во однос на 110 милијарди на Гејтс.

Во јуни, според Bloomberg, богатството на Арно надмина 100 милијарди, за потоа за на кратко да го надмина Гејтс со богатство.

Арно контролира скоро половина од добро познатиот француски моден ланец во чија групација, покрај Louis Vuitton, се наоѓаат уште 70 светски познати брендови како што се Dom Pérignon, Henneshy, Moët & Chandon, Sephora, Céline, Dior, Fendi, Kenzo, Marc Jacobs и Bulgari.

Сопственик е на францускиот весник Le Parisien, и во негова сопственост е и L`Echo.

Арно е роден во семејство на богати индустријалци, дипломирал на парискиот политехнички факултет, каде потоа се придружил во бизнисот на неговиот татко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП