недела, јануари 24, 2021
10 °c
Skopje
4 ° нед
1 ° пон
-2 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,712.70 -0.34%    BESK 6,100.00 0.81%    GRNT 1,147.49 -1.02%    KMB 7,670.00 -0.32%    KPSS 350.00 -21.35%    MPT 74,000.00 0.63%    STB 1,173.28 0.51%    TEL 319.00 -0.02%    TNB 18,800.00 0.03%    TTK 1,400.00 -1.41%    
Почетна ИНТЕРВЈУ

Интервју со Руи Кореиа, директор и претседател на Бордот за едукација на ACI – Асоцијација на финансиски пазари

ноември 29, 2019
во категорија ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Интервју со Руи Кореиа, директор и претседател на Бордот за едукација на ACI – Асоцијација на финансиски пазари
3
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Од ноември 2017 година во ACI FMA, и со улога да се развијат алатките за образование на Здружението на учесниците на пазарот, Руи има глобална одговорност за две основни области: сертификација на финансиските професионалци на пазарот и нивна обука за етичко однесување и добри практики на пазарот. Работи на финансиските пазари од 1989 година, Руи е поранешен Fx trader, структурист и шеф на продажба, кој покрива широк спектар на средства и диверзифициран број на клиенти во различни географски области како што се Источна Европа, Ибериски полуостров(Шпанија,Португалија) и Австралија. Во почетните 25 години, Руи работел за големи банки во Лондон, Мадрид и Лисабон. Во почетокот на 2014 година и пред да се приклучи на ACI FMA, Руи стана сениор тренер на финансиските пазари, кои одржувал обука за MiFID II за над 20.000 професионалци на Иберискиот полуостров.

Господинот Кореиа на покана од страна на претседателот на ACI Macedonia, Бојан Цветановски, во хотел Мериот одржа предавања на тема “FX Global Code: In The Right Path”, која е реалтивно нова и актуелна тема на меѓународните пазари.

Денар: Можете ли да ни кажете повеќе за  ACI FMA фондацијата и нејзината мисија?

ACI Financial Markets Association (ACI FMA) е водечка глобална трговска асоцијација која ги претставува интересите на заедницата на професионалните финансиски пазари. Со основањето во 1955 година, мисијата на ACI FMA придонесува за развој на пазарот преку професионални стандарди на образование, мрежни настани и добри практики на пазарот, така што ACI FMA ги поддржува учесниците на пазарот на нивното придржување кон принципите на етичко однесување.

Денар: Како е организирана соработка помеѓу здруженијата на држави ACI FMA?

ACI FMA има свое седиште во Париз и над 8.000 членови дистрибуирани во 60 национални асоцијации, при што секоја од овие национални здруженија е претставено во Советот како глобално раководно тело кое ја надгледува целoкупната активност. Управниот одбор на ACI FMA следи воспоставен збир на статути за водство и донесува неколку важни одлуки, предложени од Претседателот Делегат, кој делува како извршна власт.

Денар: Можете да ни кажете нешто повеќе за FX Global Code, дали е тоа повисоко ниво од ACI Dealing Certificate или нешто поразлично?

The FX Global Code е глобален пакет на принципи на добра пазарна пракса за пазарот на девизи (FX market). Развиен од партнерството помеѓу централните банки и субјектите од приватниот сектор, кои работеа под капата на Банката за меѓународни порамнувања, FX Global Code беше објавен во мај 2017 година и обезбедува заеднички сет на упатства за да промовира интегритет и ефективно функционирање на овој пазар. Целта на Кодексот е да промовира стабилен, фер, течен, ефикасен, отворен и транспарентен пазар во кој сите учесници на пазарот можат самоуверено и ефикасно да учествуваат.

Со цел поединечните учесници на пазарот да се придржуваат кон принципите на FX Global Code, неопходно е да се имплементираат постојани методи за обука и сертификација од сите субјекти вклучени на пазарот на девизи, така што упатствата презентирани во FX Global Code се вградени и практично имплементирани од нивниот персонал. Со оглед на ова, ACI FMA ги разви своите испити за FX Global Code така што индивидуалните учесници на пазарот можат редовно да ги тестираат своите знаења, со содржина постојано ажурирана за да го одразат развојот на девизниот пазар. ACI Dealing Certificate е вклучен во нашиот пакет на испити, заедно со ACI Operations Certificate и ACI дипломата. Тие се меѓународно признати испити кои ставаат акцент на познавањето на пазарите и нивните производи, додека испитите за FX Global Code се концентрираат на содржината поврзана со добрите пазарни практики на девизниот пазар.

Денар: Кои се тековните предизвици на современиот електронски FX свет?

Развојот на технологијата помогна за брзо проширување на девизниот пазар, но има и неколку учесници на пазарот кои сè уште ги извршуваат своите трансакции гласовно. Нема сомнение дека платформите за е-трговија се овде за да останат, но пазарот на девизи, кој е далеку најголем во светот по обем, треба да обезбеди барањата на сите земји и на учесниците на пазарот да се исполнети, без оглед на нивната развојна фаза или деловен профил. The FX Global Code се грижи за ова, со документ кој нуди насоки и добри практики на пазарот за сите учесници без оглед на нивната големина, сложеност и природа на нивниот ангажман. Затоа, без изненадување, FX Global Code се осврнува на електронскиот развој на FX пазарот, со неколку свои принципи кои сугерираат добри практики на пазарот за е-трговија, покрај водечкиот принцип целосно посветен на извршувањето (покривање на нарачките на клиентите, транспарентност и алгоритмичко тргување, меѓу другите теми). Спроведувањето на Кодексот им овозможува на учесниците на пазарот да дадат приоритет на платформите каде најдоброто извршување е апсолутно загарантирано, така што нивните клиенти се уверени дека тргуваат на најефикасната пазарна средина во секое време.

Денар: Кои се идните планови на ACI FMA?

ACI FMA секогаш ќе настојува да ги зајакне своите три вредности: образование, етичко однесување и членството. Неколку планови веќе се спроведуваат така што ACI FMA може да обезбеди уште поголема вредност за сите свои членови преку едукација и други иницијативи насочени кон промовирање на развојот на добрите пазарни практики. ACI FMA исто така бара да го прошири сегашниот број на Национални здруженија, веќе се во разговори со добар број институции кои сакаат да го започнат локалното поглавје на ACI во нивните земји. Ние, исто така, очекуваме да соработуваме поблиску со други трговски здруженија со цел да се промовира подобро функционирање на пазарите за сите учесници на пазарот.

Тагови: ациинтервјукореиапазарируифинансиичленство
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Гвардиола и Клоп запишани во Салата на славните тренери во англиската лига

Следна Објава

Храна за совршен почеток на денот: Лицата со челично здравје секое утро ги консумираат овие намирници

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП
АВТОБИЗ

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

јануари 24, 2021
2

Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет. Избраниците...

Прочитај повеќе
Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина
ЕКОНОМИЈА

Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

јануари 24, 2021
39

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Прочитај повеќе
И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели
ТЕХНОЛОГИЈА

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
87

Apple ги намали нарачките од добавувачите за најевтиниот модел на новата генерација на iPhone 12 mini, но ги зголеми нарачките...

Прочитај повеќе
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)
АВТОБИЗ

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
280

Американецот Дастин Порие го победи Ирецот Конор Мек Грегор во главната рунда на УФЦ 257 во Абу Даби. Пори го...

Прочитај повеќе
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока
ЕКОНОМИЈА

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
132

Трошоците за испорака на стоки од Кина во Европа се зголемија повеќе од тројно во последните осум недели, достигнувајќи рекордно...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

јануари 24, 2021
Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Нови 183 заразени со Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

јануари 24, 2021
И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Убива 50 болести: Додадете го овој зачин во чајот и ќе го добиете најсилниот лек

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша за здравјето?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021

јануари 23, 2021
1.6k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.6k
Следна Објава
Храна за совршен почеток на денот: Лицата со челично здравје секое утро ги консумираат овие намирници

Храна за совршен почеток на денот: Лицата со челично здравје секое утро ги консумираат овие намирници

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани