26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја тужи Данска поради името „фета“ на домашните сирења

ЕУ ја тужи Данска поради името „фета“ на домашните сирења

Европската комисија денеска соопшти дека ја тужела Данска поради тоа што не ја прекинала праксата на домашните компании да прават и извезуваат бело сирење надвор од ЕУ под етикетата „фета“.

Со тоа, според Комисијата, се прекршени правилата според кои употребата на името „фета“ е ограничено само на сирења со потекло од Грција, пренесува Reuters.

Комисијата уште во јануари 2018 година по тој повод покрена прекршочна постапка против Данска, а сега соопшти дека земјата не го решила ова прашање.

Сирењето „фета“ има ознака заштитено географско потекло во ЕУ од 2002 година, и како такво може да се произведува само во Грција според утврдениот технолошки процес на производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП