
Бројот на живородени деца во третиот квартал годинава изнесува 5 374 и во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7,4 проценти. Во третото тримесечје годинава имало 4 701 починато лице, за 2,2 проценти повеќе споредено со третиот квартал лани. Од вкупниот број починати, 14 се доенчиња, објави денеска Државниот завод за статистика.

