17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАNASA: 5G мрежата сериозна закана за метеоролошката прогноза

NASA: 5G мрежата сериозна закана за метеоролошката прогноза

Глобалната телекомуникациска мрежа 5G ќе го загрози собирањето на метеоролошките податоци доколку работи со фреквенција од 24 гигахерци (GHz), предупредуваат американските државни агенции и Светската метеоролошка организација.

Според Washington Post, Националната администрација за океани и атмосфера на Соединетите Американски Држави (NOAA) и NASA проценуваат дека фреквенцијата би предизвикала пречки во преносот на податоците од метеоролошките сателити кои орбитираат над столбовите.

Во извештајот на NOAA се наведува дека скоро 80 проценти од податоците кои доаѓаат од сателитски предаватели, а кои се испратени на исти или слични фреквенции ќе бидат изгубени. Секоја деградација на овие податоци може да ја наруши точноста на предвидување со воведување на слепи точки во метеоролошките модели.

Се проценува дека точноста на метеоролошките прогнози во најлошото сценарио ќе се намали на нивото од осумдесетите години на минатиот век.

Повеќе од 3.000 претставници на сите држави во светот минатата недела во Шарм ел-Шеик се согласија за правилата и фреквенциските опсези на кои ќе работи 5G интернетот, кој не ги заштитува доволно комуникациите со сателитите.

Претходно, американските регулатори извршиле аукција на радио опсегот за 5G мрежата, покрај предупредувањата дека несоодветните фреквенции ќе наштетат на собирањето податоци за времето.

Американските федерални агенции најавија дека ќе спроведат нови студии за да се идентификуваат потенцијалните проблеми, како и привремените мерки за избегнување пречки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП