16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на жалост во Албанија, продолжува потрагата по преживеани

Ден на жалост во Албанија, продолжува потрагата по преживеани

Спасувачките служби трагаат по преживеани под урнатините по разорниот земјотрес, што вчера ја погоди Албанија. Синоќа околу 19 часот беа регистрирани уште два потреси. Првиот со јачина од 4,7 степени по Рихтер, а неколку минути подоцна, вториот со сличен интензитет. Луѓето кои останаа без своите домови, ноќта ја поминаа во шатори. Расте бројот на загинати. Последна информација е дека загинати се 27, а има и над 650 повредени.

Во Албанија е Ден на жалост, а знамињата на сите институции се спуштени на половина копје поради жртвите од земјотресот со јачиа од 6,4 степени по Рихтер.

Од под урнатините досега се извлечени 45, а се трага по уште десетина исчезнати. Помош пристигна од земјите од Европа и светот, како и од регионот.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 12 километри во близина на Драч. Последиците од потресот се најголеми во местото Туман, 30 километри северно од Тирана, како и во Драч.

Албанскиот премиер, Еди Рама свика вонредна седница на владата и според негова проценка, државата и сите институции презеле се што е во нивна моќ за санирање на последиците од земјотресот.

Вчерашниот потрес беше почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во БиХ вчера исто така имаше силен земјотрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП