26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјотресот на Крит почувствуван и во земјава

Земјотресот на Крит почувствуван и во земјава

Земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала утрово го стресе грчкиот остров Крит, а беше почувствуван и во земјава. Земјотресот според Европскиот медитерански сеизмолошки центар е на длабочина од 55 километри, а се случил во 9.23 часот по локално време.

Според коментарите на оние кои го почувствувале, земјотресот бил со голема бучава, а тресењето се почувствувало во два брана. Во Грција земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер беше почувствуван и вчера, на 166 километри од Атина.

Не престанува да се тресе ниту тлото во Албанија, каде што по силниот земјотрес од 6,4 степени вчераутро, почувствувани се уште серија помали земјотреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП